Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ден на народното востание – 11 Октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ден на народното востание – 11 Октомври
Агровести

Ден на народното востание – 11 Октомври

Објавено 11/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во  Музејот на македонската борба за самостојност. 

По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.  

Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и на Могилата на непобедените.

Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.

Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им  се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. 

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувалдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:11 Октомвривостаниенародно
Претходен напис Променливо облачно со повремен дожд
Следен напис Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?