Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Агровести

Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512

Објавено 13/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од  39 827 830 илјади денари. Градени се вкупно  2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од  348 720 метри квадратни, од кои  5 255 се во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Просечната корисна површина на завршените 5 405 станови е  64.5 метри квадратни. 

Лани најмногу се градело во Скопскиот Регион, на 807 градежни објекти, а завршени се 3566 станови. 

Податоците на ДЗС за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија за 2024 година, пак, покажуваат дека индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14.4 милијарди денари и завршиле 2 512 станови. 

Во текот на минатата  година се градени вкупно  1 978 објекти и завршени се вкупно  2 512 станови со вкупна површина од  296 537 метри квадрати, од кои 152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 879 метри квадратни. 

Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е  118.1 метри квадратни. 

Најмногу се градело во Полошкиот Регион, каде се работело на 628 градежни објекти,  а завршени се 587 станови.

Како што објави претходно ДЗС, април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од  60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион.

Најмногу одобренија во април се издадени во Скопскиот регион, 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  6 316 119 000 денари, што е за 10,7 проценти  повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 процент) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 проценти) за објекти за реконструкција.

На 154 (43.1 процент) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:5 405 становиДеловните субјектизавршиле
Претходен напис Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Следен напис Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?