На денешниот состанок со делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, евроамбасадорот Дејвид Гир ја потврди ефикасната искористеност на мерките од #ИПАРД програмата и успешната реализација на проектите финансирани од #ИПА.
На состанокот разговаравме за влијанието на глобалната криза врз македонското земјоделство и за сите мерки што Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за земјоделците да имаат одржливо производство и стабилност на пазарот на храна.
Евроамбасадорот Гир позитивно го оцени носењето на новата Програма за финансиска поддршка на земјоделството и спроведувањето на реформите во законската регулатива во делот на усогласувањето со европските регулативи.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

