Дел од општина Центар во текот на денов ќе биде без вода за пиење.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје соопштија дека од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ биле информирани дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од „Мирослав Крлежа“ – потег од булевар „Партизански одреди“ до улица „Орце Николов“.
Водоснабдувањето ќе било прекинато од 8:30 часот.
Без струја во текот на денов ќе останат дел од скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од ЕВН „Македонија“ АД добивме известување дека денеска поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улицата „Партизански пат 2“ од девет до 13 часот во општина Кисела Вода. Поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улицата „2“ во село Орман од девет до 15:30 часот во општина Ѓорче Петров – информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
