Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебата за заштита на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дебата за заштита на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели
Агровести

Дебата за заштита на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели

Објавено 25/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Фондацијата „Информација и заштита на природата” во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за животна средина на ОН, денеска на онлајн настан ќе ги презентираат резултатите од проектот „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”.

На настанот ќе се обратат директорот на Управата за животна средина и просторно планирање Хисен Џемаили и проектниот координатор на Програмата за животна средина на ОН Искра Стојанова.

Ќе бидат презентирани заклучоци и препораки за зачувување и одржлива употреба на мечкиното грозје, и ќе биде иницирана дискусија меѓу сите заинтересирани страни како најефикасно да се подобри заштитата на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели. Фокусот е на мечкиното грозје, кое се смета за едно од највредните диви растенија за природата и за локалната економија.

Овој вид единствено кај нас не е опфатен во Листата на строго заштитени диви видови и не е под забрана за собирање, а земјава е единствениот извор на ова диво растение во регионот.

Проектот се имплементира во рамки на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање за користење на земјиштето”. Финансиран е од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), се спроведува преку Програмата за животна средина на ОН (УНЕП). Главен партнер и корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а локален партнер е Фондацијата „Информација и заштита на природата”- ФИЗП, Подружница во Република Северна Македонија. 

МИА

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:дебатадиви растенијатрговски цели
Претходен напис Трета годишна конференција за е-трговија
Следен напис Фазлији: Занаетчиите погодени од корона-кризата, очекуваат дополнителна помош со следниот пакет мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?