Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебарското јагне речиси распродадено, цената за викендов достигнала 190 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дебарското јагне речиси распродадено, цената за викендов достигнала 190 денари
Агровести

Дебарското јагне речиси распродадено, цената за викендов достигнала 190 денари

Објавено 18/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 90 отсто од дебарските јагниња годинава ќе завршат на италијанскиот пазар. Досега се извезени вкупно 15.000 што е 70 отсто од вкупниот фонд во Дебар и Центар Жупа. Дел од пласманот е реализиран и во Хрватска, а нешто е продадено и во Грција и Бугарија, вели за МИА претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме.

Како што вели Аме, извозот почнал лошо, со ниска откупна цена, но сега е нешто подобар.

-Околу 90 отсто од јагнињата се извезоа во Италија. Откупот почна лошо. Првите 50 отсто од количините ги продадовме по 160 денари за килограм жива мера. Сега ситуацијата е малку подобра. Цената достигна 185 денари, а за викендов и 190 денари. Нема јагниња, затоа се зголемува – истакнува Аме.

Тој смета дека реалната цена на јагнето треба да биде најмалку 250 денари за килограм.

-Добиточната храна е поскапена, пченката за 100 отсто, а луцерката за 120 – 130 отсто. Двојно зголемена е и цената на репроматеријалите. Лани килограм пченка беше 10 – 11 денари, а сега е 22 денари. Кантите за сирење чинеа 75 денари, сега се 170 денари. Една овца бара килограм пченка, а едно јагне 500 грама – објаснува Аме.

Според него, сточарите не ги добиваат субвенциите навреме, а кубурат и со работна сила, посебно со овчари, иако платата е 500 – 800 евра. Се намалува и сточниот фонд. Лани во земјава имало 700 000 овци, сега се 100 000 помалку.

-Никој не сака да биде овчар. Повеќето што досега работеа кај нас, заминаа за Германија. Се намалува и бројот на овците. Годинава има 100.000 помалку или 600.000 вкупно, а лани беа 700.000. Две години доцнеа субвенциите. Во 2022-ра земавме субвенции за 2020 година, но не сме добиле за 2021 година, нагласува Аме. Ситуацијата со овчото сирење е релативно добра, пласман секогаш има. Годинава, оценува Аме, цената ќе биде повисока, околу 400 денари за килограм, додека лани беше 300 денари.

-Под 400 денари не треба да биде зашто не ќе можеме да ги покриеме трошоците. Кравјото индустриско сирење е 300 денари, а нашето е традиционално, овчо, со 50 отсто подобар квалитет – потенцира Аме. Во 2021 година цената на дебарското јагне беше 135 до 140 денари за килограм жива мера.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:јагниња
Претходен напис Од полноќ ново поскапување на горивата
Следен напис Времето денеска променливо облачно со подолги сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?