Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебарско Езеро се полни со отпад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Дебарско Езеро се полни со отпад
Рурален Развој

Дебарско Езеро се полни со отпад

Објавено 26/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последните обилни и интензивни врнежи од дожд го зголемија водостојот на Радика и Црн Дрим, а со тоа и на Дебарско Езеро, што секако поволно ќе се одрази во производството на електрична енергија во ХЕ „Шпилје“ но и на заштитата на флората и фауната во езерото, велат екологистите.

Но, додаваат, водите од реките донесоа и голема количина, пред сè, пластичен отпад од дивите депонии по долината на реката Радика, кои почнаа да создаваат „острови од отпад“. Појавата е позабележителна кај селото Долно Косоврасти, кај Косоврашки Мост, каде Радика се влева во езерото, како и кај Мелнички Мост.

-Оваа појава е присутна секогаш кога има обилни дождови и голем дотек на вода во Радика и нејзините притоки. Тоа најчесто е на есен и на пролет, но ете се случува и сега по обилните дождови, посебно поради фактот што изминатите месеци водостојот на реките беше многу низок, велат од еколошкото друштво „Дешат“.

Додаваат дека е неопходно организирано собирање на отпадот во сите населени места, каде што на секој чекор може да се видат диви депонии кои потоа со зголемувањето на Радика се влеваат во езерото.

-Пред неколку години екологистите од трите општини Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, поведовме иницијатива за поставување челични мрежи кај еден од мостовите, каде што би се собирал отпадот и тој секојдневно со чамци би се вадел и фрлал во депонијата во Дебар. Но, се остана само како идеја, наведуваат од друштвото, посочуваат од еколошкото друштво „Дешат“.

Организирано собирање отпад, според нив, треба да се обезбеди и во општина Центар Жупа зашто отпадот од дивите депонии во оваа општина доаѓа во Дебарско Езеро.

Инаку, надојдената Радика го оштети мостот кој поврзува повеќе села од Горна Река со патот Дебар-Маврово. Претставници на локалната самоуправа на општина Маврово Ростуше информираа дека со намалување на водостојот, веднаш со своја механизација го санирале оштетениот мост кој ги поврзува Нистрово и другите населени места.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Дебарско езерорадика
Претходен напис Времето денеска сончево со мала локална облачност, по котлините утринска магла
Следен напис Утрово најстудено во Берово, -5, а најтопло во Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?