Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебарските сточари разочарани поради слабиот интерес за купување ситен добиток за курбан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дебарските сточари разочарани поради слабиот интерес за купување ситен добиток за курбан
АгровестиСточарско производство

Дебарските сточари разочарани поради слабиот интерес за купување ситен добиток за курбан

Објавено 29/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неколку дена пред престојниот, голем муслимански празник, Курбан Бајрам во Дебар традиционлано почна продажбата на овните, кои верниците ги принесуваат за курбан.

Поради се уште нерешеното прашање со сточен пазар, тие и годинава се продаваат на инпровизиран пазар во просторот помеѓу Центарот за култура и Новата саат кула џамија.

Со дел од сточарите со кои разговаравме искажуват разочараност поради слабиот интерес за откуп, кој споредно со минатите години не може ни од далеку да се спореди.

Тоа го потврдува и Скендер Аме, претседател на друштвото на одлегувачи на овци „Даши“.

За разлика од минатата, кога сточарите од Дебар и Центар Жупа продадоа над 4.000 грла ситен добиток, главно овни, годинава не очекуваме да се продадат ниту половина. Нашите очекувања се од 1.000 до 1.500 грла. Нездоволството кај сточарите e големо. Поради ниската цена на јагнињата,оставивме поголем број грла за продажба за Курбан Бајрам, но како што стојат работите ништо и од тоа, вели Аме.

Причини, според него има повеќе.

-Прво состојбата со пандемијата, која ги уништи луѓето во секој поглед, второ неприсуството на печалбарите, кои во овој период масовно доаѓаа во родниот крај. Иако во помал процент сепак влијание имаат и информаците за појавата на болеста син јзик, во некои делови во државава, како и други причини, како што е определбата на дел од верниците парите наменети за курбан да ги депонираат во муфтиствата, додава Аме.

Цената се движи од 70 до 120 евра, по грло, што зависи од тежината.

Курбанот, се коли, првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства.

Првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, се паѓа на 31 јули(петок). Празникот се слави четири дена.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Дебардобитоккупување добитокпринесување курбанслаб интерессточари
Претходен напис АХВ: Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници
Следен напис Три села во Кочанско ќе добијат ново јавно осветлување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?