Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали знаете кој зеленчук е најпрофитабилен за одгледување во текот на зимата ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали знаете кој зеленчук е најпрофитабилен за одгледување во текот на зимата ?
Агровести

Дали знаете кој зеленчук е најпрофитабилен за одгледување во текот на зимата ?

Објавено 24/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на зеленчук во текот на зимата може да биде многу успешно и профитабилно. Најважно е да се избере вистинскиот вид и да се обезбеди стакленик кој одговара на овој вид производство. Датумите на сеидба и берба треба да се прилагодат на побарувачката за време на зимските празници. Покрај тоа, важно е да се спречи измрзнување на растенијата во годините со екстремно ниски температури.

Во нашите краишта традиционално се одгледуваат зелена салата, спанаќ и млад кромид за зимска потрошувачка. Сепак, оваа листа е многу подолга. Кељот, разни видови лековити и зачински билки, разни салати, ротквици, потоа цвекло, се видови чие одгледување може да биде успешно во текот на овој период.

Зелена салата

Зелената салата е традиционален зимски зеленчук чие одгледување може да донесе добри финансиски придобивки. Овој вид зеленчук се карактеризира со бројни вариетети, сорти, хибриди кои се разликуваат по должината на вегетацијата, бојата и формата на листовите, вкусот, отпорноста.

Рукола, матовилац, синап и мизуна се само некои од лиснатите видови кои лесно се одгледуваат и можат да бидат алтернатива на класичната зелена.

Мизуна

Позната е како јапонска салата, а поради бојата на нејзините листови, која преминува од темно преку посветло зелена до темноцрвена, многу наликува на мешавини од разни салати. Тоа е култура која може да се сее во затворен простор од септември до март. Бербата се врши со неколкукратно сечење. Може да се меша со други лиснати салати.
Предноста на мизуната во однос на обичната зелена салата е тоа што може да издржи замрзнување по што се опоравува. Во повеќето случаи, доволно е да се покрие родот со агротекстил за да се зачува.

Лековити и зачински билки

Многу видови билки и зачини можат да бидат исклучително профитабилни за одгледување во текот на зимата. Во текот на годината се продава рузмарин, мајчина душичка, босилек или коријандер, бидејќи има побарувачка од рестораните и продавниците. Во зависност од видот на затворениот простор, можеме да се посветиме на нивното одгледување. За да се обезбеди успешно производство, потребно е да се обезбеди греење барем во најстудениот дел од годината.

Млад кромид

Младиот кромид е традиционален зимски зеленчук и голем број производители се решаваат да го произведуваат. Потребно е да се обезбеди доволно простор, квалитетно, добро дренирано земјиште. Во зависност од големината, главиците се засадуваат на длабочина од 10 до 15 см, а растојанието меѓу редовите се движи од 10 до 15 см. Оптималната температура за раст и развој е помеѓу 7 и 20֯ степени Целзиусови.

Ротквици

Ротквиците се најпрофитабилните видови кои се одгледуваат во стакленик, бидејќи спаѓаат во зеленчук со најкраток период од сеидба до берба. Тие се многу барани на пазарот, бидејќи се неизоставен дел од салатите во рестораните. Предноста на овој вид зеленчук е што добро поднесува ниски температури.

Спанаќ

Спанаќот одгледуван во оранжерии има поповолни услови за развој, почист е и има подобар вкус поради помалата изложеност на колебање на температурата и содржината на влага во почвата. Бербата се врши во неколку наврати.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зеленчукзиматанајпрофитабиленодгледување
Претходен напис Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
Следен напис До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?