Раѓањето на Хилда, англиско теле, е нова трошка надеж на полето на одржливо сточарство и производство на месо и млеко, посочуваат ветеринарите и научниците, пренесува Агроинформ.
Имено, преку вештачко оплодување гените на Хилда биле модифицирани за да се спречи емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина.
Како што е познато, емисиите на метан од сточарското производство во моментов сочинуваат пет проценти од вкупното загадување на воздухот, што е идентификувано како проблем бидејќи метанот ја загрева атмосферата многу повеќе отколку јаглерод диоксидот.
Човештвото во моментов троши двесте пати повеќе говедско месо и млечни производи отколку во 1900 година, што резултира со значително зголемување на влијанието врз животната средина.
Метан од ѓубриво – има ли на повидок решение за овој глобален проблем?
Телето е од стадото добиток во Меѓународниот истражувачки центар Лангхил во Дамфрис, кој е важен извор за британската млечна индустрија повеќе од половина век. Тоа е и прво во стадото од шеснаесет генерации создадено со вештачко оплодување и означува почеток на „сериско производство“ на вакви телиња.
Хилда беше родена како дел од проектот наречен Cool Cow. Научниците вклучени во проектот рекоа дека користењето на техника која вклучува оплодување на мајчините јајце клетки со внимателно избрана сперма од бик во лабораторија, значи дека следната генерација пристигнала осум месеци порано од претходно можно.
Според научниците, оваа постапка може да го забрза процесот на селекција и одгледување говеда кои се по „ефикасни“ кога станува збор за метанот.