Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали се затвора Земјоделското училиште во Битола?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали се затвора Земјоделското училиште во Битола?
Агровести

Дали се затвора Земјоделското училиште во Битола?

Објавено 02/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Писмото за поддршка адресирано до институциите и јавноста го упатија вработени од училиштето и до ЗЗ Современо Земјоделство

„Со ова писмо Ви се обраќаме со барање за институционална поддршка во врска со одлуката на Министерството за образование и наука, согласно која во Конкурсот за упис во прва година за учебната 2026/2027 година не е предвиден упис во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола.

Пелагонискиот регион претставува еден од најзначајните земјоделски региони во државата, со долгогодишна традиција и значително учество во националното производство. Во услови кога земјоделството се соочува со сериозни предизвици – миграција на младото население, стареење на земјоделската работна сила, намалена заинтересираност за аграрни професии и влијание на климатските промени – од исклучителна важност е зачувувањето и унапредувањето на стручното образование во оваа област.

Особено нагласуваме дека е од суштинско значење образовниот процес за профилите од земјоделско-ветеринарната струка да се реализира во рамки на специјализирано земјоделско училиште, кое располага со соодветни услови за изведување на практична настава, вежби и теренска работа. СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола ги поседува овие капацитети, вклучително и инфраструктура, опрема и стручни кадри неопходни за квалитетно образование.

Дополнително, во рамки на училиштето се започнати повеќе проекти поврзани со практична настава и соработка со земјоделскиот сектор, чие реализирање директно зависи од континуитетот на образовниот процес. Нивното прекинување би значело загуба на вложени ресурси, како и пропуштена можност за модернизација и развој на стручното образование.

Исто така, сакаме да потенцираме дека бројот на ученици кои се запишуваат во овие образовни профили не треба да се третира исклучиво како статистички податок, туку како инвестиција во идни стручни кадри. Секој ученик претставува потенцијален агроном, советник или ветеринарен стручен кадар, кој има клучна улога во поддршката и развојот на земјоделското производство.

Со евентуалното затворање или маргинализирање на училиштето, Пелагонискиот регион ќе остане без континуиран прилив на агрономи, советодавен кадар и стручни лица за грижа на животните, што директно ќе се одрази врз продуктивноста, одржливоста и квалитетот на земјоделството.

СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола со децении претставува значаен образовен и стручeн центар, тесно поврзан со потребите на земјоделците и институциите во секторот. Неговото исклучување од системот на упис ќе има далекусежни негативни последици за регионот и пошироко.

Имајќи го предвид наведеното, Ве повикуваме како релевантни институции и чинители во аграрниот сектор да дадете јавна и институционална поддршка на нашето барање за преиспитување на оваа одлука и овозможување на упис во прва година во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2026/2027 година.

Вашата поддршка е од клучно значење за зачувување на стручното образование и обезбедување одржлив развој на земјоделството во Пелагонискиот регион. Ве молиме поддршката да ја изразите на еден од следните начини, бараат од СОЗУ „Кузман Шапкарев” Битола.

Извор: sovremenozemjodelstvo

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Битолазатвора
Претходен напис До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
Следен напис МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?