Најмалку пет бродови со речиси 200.000 тони бразилски суров шеќер продаден од европски трговци се испратени во Русија, објави Ројтерс. Тоа е двојно повеќе од вообичаениот годишен увоз на шеќер во Русија.
Санкциите ја зголемија побарувачката за шеќер и други основни намирници, а полиците во продавниците се празни поради правење залихи на храна. Се очекува дека овие мерки би можеле да им отежнат на испраќачите да ја наплатат испорачаната стока. Оваа продажби не е опфатена со санкции, но опфатени се финансиските трансакции.
Русија не е значаен увозник или извозник на шеќер, но Русите почнале да прават залихи. Трговците напоменуваат дека Русија има тенденција да увезува приближно 100.000 тони годишно и дека оваа количина на испораки е невообичаено голема.
Безбедносните проблеми во Црното Морево пристаништето Новоросијск.
Според податоците за движењата во пристаништата, кои ги доставиле бродските агенции во Бразил и информациите на трговците со шеќер, три брода со речиси 100.000 тони одат кон нивниот руски сосед Грузија.
Меѓународната организација за шеќер објавила податоци според кои Русија ќе увезе само околу 100.000 тони шеќер во текот на целата годината од сите добавувачи, не само од Бразил. Грузија се очекува да увезе 130.000 тони.
„Тој шеќер ќе стигне до Грузија, но потоа ќе биде испратен во Русија“, рекол еден трговец од САД.
Трговец со шеќер, со седиште во Бразил, рекол дека количините биле превисоки за краток временски период, и за Русија и за Грузија, и дека е очигледно дека се прават залихи.
