Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да се зголемат субвенциите за пченица, да се намали цената на лебот на 20 денари, став на Асоцијација на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Да се зголемат субвенциите за пченица, да се намали цената на лебот на 20 денари, став на Асоцијација на земјоделците
Агровести

Да се зголемат субвенциите за пченица, да се намали цената на лебот на 20 денари, став на Асоцијација на земјоделците

Објавено 21/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина.

-Според откупната цена на пченицата која беше од 9 до 11 денари за килограм, реално е цената на лебот да биде 20 денари. Тоа значи дека ние, како Асоцијација, имаме направено прецизна калкулација во која не треба лебот да биде повеќе од 20 денари. Предлагаме, сите млинари и пекарници да ја прифатат оваа наша калкулација и уште веднаш и цената на лебот да биде 20 денари, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери.

Потребите на земјава од пченица се околу 360 000 тони, а производството, според асоцијацијата е околу 230 000 до 240 000 тони. Другото се увезува од соседните земји.

Според Александар Ристески, производител на леб од Прилеп, сегашната цена на лебот е реална и прифатлива, од 30 до 35 денари.

-Сметам дека сегашната цена е реална. Пред 10-15 години, цената на лебот беше 25 денари. Сега, продажната цена на лебот е 30 денари. Кога ќе направиме споредба на ресурсите, на репроматеријалите, на струјата, на работната рака, а пред 10-15 години, па и сега, па макар и на брашно, мислам оваа цена е прифатлива за потрошувачите, рече Ристески.

Зголемувањето на домашното производство на пченица го посакуваат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери, но бараат повеќе субвенции, иако се дава земјиште под концескија и да се намалат за 50 проценти заштитните средства кои се меѓу најскапите во регионот.

Можеби еден ден ќе дојдеме во ситуација на зголемени површини и производство на пченица, но за оваа реколта не посеавме доволно поради недостиг од механизација за обработка на површините. Според состојбите, за оваа година треба да очекуваме принос од околу 240 000 тони пченица. Државата треба да го поддржува посилно производството на пченица. Таа треба да ја покрива загубата од производната до продажната цена. Инспекторатот за земјоделство треба повеќе да се позанимава со земјоделските аптеки, зашто цените на заштитните средства се многу големи што ги зголемува трошоците за производство – вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и фармери Стојкоски.

Според производителите на леб, зголеменото производство на пченица може да влијае на намалувањето на цената на лебот, но ако домашната пченица во млиновите за брашно не се меша со увезена.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лебпченицасубвенциицена
Претходен напис Да се зголемат субвенциите за пченица, да се намали цената на лебот на 20 денари, став на Асоцијација на земјоделците
Следен напис Инфо ден за Мерка 1 од ИПАРД во понеделник (24 февруари) во ТЕТОВО и ЈАГУНОВЦЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?