Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Вработените се суштината и  срцето на една компанија“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Вработените се суштината и  срцето на една компанија“
Агровести

Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Вработените се суштината и  срцето на една компанија“

Објавено 03/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Григор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ и потпретседател на Стопанската комора, пример за човек кој знае што сака, има свои цели и се труди да ги исполни, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески зборува за улогата на Комората како претставник на компаниите. Комората не ја гледа како претставник на сопствениците на капиталот – Комората, според него, е претставник на компаниите во целина и на сите засегнати страни во една компанија, како што се сопствениците, вработените, коминтентите и државата.

„Комората е значаен фактор за бизнисите. Политичарите се креатори на економските политики, меѓутоа Комората е таа која секогаш застанува зад компаниите, и тоа не како сопственици на капиталот, туку како ентитети во кои се вклучени вработените и добавувачите, но и како фирми“, истакна Цветанов.

Според него, како поборник на коморскиот систем, Комората има добра комуникација со Владата, но проблемот со решавањето на барањата од Комората се разводнува кога тие се пренесуваат за извршување до пониските слоеви на администрацијата.

Тој во продолжение истакнува дека вработените се срцето на компанијата и дека со нив градат заемна почит и доверба, при што секој знае што му е работа и ја исполнува својата цел. Работат на подобрување на придобивките за вработените, а една од нив е организирање активности и спортски настани за нив надвор од компанијата.

„Компанијата без вработените е ништо. Ние сме само зграда, машини и железо. Луѓето се суштината и срцето на една компанија“, потенцираше м-р Цветанов.

Во подкастот Цветанов ги открива своите лични желби и професионални цели. Желба му е да докторира на тема „Семејни компании“ бидејќи семејните компании се ставени пред предизвикот како да го преминат транзицискиот трансфер, а државата сè уште нема стратегија за тоа; Виница да стане убаво и пристојно место за живеење за младите да останат да живеат во неа и да се вратат луѓето што ја напуштиле својата земја, додека, пак, професионална цел му е винчини да стане светски бренд препознатлив не само во регионот и во ЕУ, туку и во светот, да остварува 100 милиони профит, а вработените да можат да ги уживаат сите придобивки што ги уживаат вработените во ЕУ-земјите.

Цветанов има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои Наградата за личност на годината на „Нова Македонија“ за 2015 година и Наградата за европски најменаџер во Сараево 2018 година.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клубВработенитекомпанијасрцетоЦветанов
Претходен напис Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
Следен напис УХМР најавува постудено време со слаб снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?