Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено 
Агровести

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено 

Објавено 23/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ биле 50,69 отсто повици, а 49,31 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон Полиција биле упатени 68,69 отсто, кон Итната медицинска помош 24,6, а кон пожарникарите  4,15 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

-Имало и 1.050 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,56 отсто и на 49,31 отсто именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, велат од ЦУК.

Нагласуваат дека во последното деноноќие има регистрирано 10 пожари на отворено, што се пријавени и документирани во ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, во изминатото деноноќие имале пет помали интервенции за гаснење запалено ѓубриште и отпаден материјал во село Арачиново кај улицата „Бојмија“, населба „Ергеле“ кај  улицата „Перо Наков“ и кај село Усје. Во сите случаи  интервенирале со едно ПП возило и три пожарникари.

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 10.00 до 12.00 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Песочани (Општина Охрид).

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во изминатото деноноќие имало една помала противпожарна интервенција.

Регионалниот ЦУК Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес од 12.00 до 16.30 часот гаснеле шумски пожар на нискостеблеста деградирана шума во атарот на село  Горно Врановци, при што интервенирале четири вработени од ЈП „Национални Шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес. Изгорена била површина од околу 8 хектари (Општина Чашка).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Берово од 12.10 до 14.00 часот со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле ниска вегетација во атарот на село Митрашинци (Општина Берово).

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 11.45 до 13.15 часот со три пожарникари и едно ПП возило, гаснеле запалена дабова шума и ниска вегетација во село Конопница.

-Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава, посочуваат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 пожариденоноќиеотвореноцук
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Од утревечер дожд и опаѓање на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?