Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Во последното деноноќие 45 пожари на отворено, три се уште активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Во последното деноноќие 45 пожари на отворено, три се уште активни
Агровести

ЦУК: Во последното деноноќие 45 пожари на отворено, три се уште активни

Објавено 09/02/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последното деноноќие имало над 40 пожари на шуми и на вегетација на отворено, регистрирани по пријава. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територија на цела држава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од евидентираните 45 пожари на отворено во последното деноноќие, три се уште се водат како активни утрово.

Се уште е активен пожарот кај скопското село Виниче, Општина Гази Баба, што почна на 7 овој месец. Од ЦУК посочуваат дека утрово нема информација за тоа дали некој интервенирал на негово гаснење. За овој пожар известени се пожарникарите од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, кои поради непристапност на теренот не можеле да интервенираат, како и Општина Гази Баба, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“.

– По утринското извидување, ако контактираните служби и институции проценат дека има потреба од воздухоплов за гаснење, (авион „ер трактор“ на ДЗС или „бел“ хеликоптер на МВР), тоа од ЦУК веднаш ке биде процесуирано за реализација, информира ЦУК.

Вчера околу 13:30 часот повторно бил активиран пожарот во атарот на селото Јамиште, кој се ширел кон територијата на Општина Кратово. Овој пожар почна на 6 овој месец, а беше локализиран наредниот ден околу 18:00 часот. Пожарот го следеле ТППЕ Пробиштип, ЈП „Национални шуми“ – подружница „Пробиштип“, ТППЕ Кратово, а се контактирало и со локалното население за евентуална потреба од интервенција. Во утринските часови на терен заминале по една екипа од ТППЕ Пробиштип, од Кратово и од Кочани.

Од Единствениот број за итни повици Е-112 вчера во 16:07 часот е добиена информација за пожар над село Беловиште, Општина Јегуновце, поточно над ресторан „Бела Виста“. Горела дабова и букова шума. За пожарот биле известени Националниот парк „Шар Планина“, кои вчера од 16:15 до 17:25 часот интервенирале со двајца вработени и едно лице од РЦУК Тетово.

Пожарот повторно е активиран синоќа, во 20:30 часот. За тоа се известени НП „Шар Планина“, но поради тешко пристапното место тие не интервенираа во текот на ноќта. Во утринските часови мал тим ренџери од националниот парк дејствувал и го локализирал пожарот, по што ќе се внимава пак да не се активира. За оваа состојба запознаени се и ТППЕ Тетово, но поради непристапен терен тие не се во можност да интервенираат.

– Паралелно гаснејќи пожари во населените места, најмалку 42 изгаснаа пожарникарите од вкупно 45-те евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население. Од: Скопје (3), Битола (9), Прилеп (2), Крушево, Демир Хисар, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш, Македонски Брод, Свети Николе (3), Кочани (3), Виница (2), Делчево, Берово, Куманово (6), Крива Паланка, Ранковце, Тетово и пожарникарите од Гостивар (2), информира ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:45 пожариденоноќиеотвореноЦУК:
Претходен напис Најстудено во Берово, најтопло во Виница
Следен напис Струмичките пожарникари гаснеле пожар во Моноспитовското блато
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?