Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Вкупно 37 пожари на отворено вчера, 10 се активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Вкупно 37 пожари на отворено вчера, 10 се активни
Агровести

ЦУК: Вкупно 37 пожари на отворено вчера, 10 се активни

Објавено 13/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација. Нискостеблеста вегетација е опожарена во општина Ресен, на Галичица, се шири во правец на врвот „Магаро“ кон Стење, од охридска страна. Борова и букова шума горат во општина Кичево, меѓу селата Патеец и Козичино. Вториот пожар во општина Кичево е меѓу селата Челопеци и Бигор Доленци, а третиот кај Зајас и Горно Строгомиште – и во двата гори мешана шума. Последниот во оваа општина, сѐ уште активен, е кај село Туин, каде гори дабова шума. Во општина Пласница гори нискостеблеста вегетација. Дабова шума е опожарена во општина Кочани, на територија на село Пресека.

Од пожарите под контрола, се додава во соопштението, едниот е кај ТЕЦ „Неготино“, опожарена е сува трева. Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид, каде опожарена е ниска вегетација. Третиот е во општина Чашка, опожарена е мешана шума. Две депонии биле запалени, на територија на општините Делчево и Липково. Последниот пожар под контрола е на градската депонија во општина Кочани, горело ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 се активни37 пожариотвореноцук
Претходен напис Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски
Следен напис Сокот од лист од смоква идеален за освежување при летни горештини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?