Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
Агровести

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Објавено 02/05/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Три пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од еден хектар кај месноста „Белушки ливади“. Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, дека од 12.40 до 13.15 часот, со еден пожарникар и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во реонот на селото Будинарци, на месноста „Ленишка Река“. Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар со едно ПП возило и два пожарникара, интервенирале на запалено ѓубриште кај пунктот за патарината на автопатот Гостивар-Тетово, појаснуваат од ЦУК.

Според Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

– Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за два до четири степени. ЦУК апелира на внимателност, граѓаните да ја имаат предвид временската прогноза при престој во природа и да се засолнат при периодите на наглите метеоролошки нестабилности во наредните неколку денови, а по локалните пообилни врнежи на терен, да внимаваат на пороите, да не се движат блиску до корита на реки, покрај суводолици, во длабоки и стрмни долови, наведуваат од ЦУК.

Оттаму нагласуваат дека треба да бидат исчистени каналите од отпадоци, бидејќи насобраниот отпад при поројна вода, често создава брани и се запушуваат каналите, а тоа доведува до излевање на водата од коритата и поплавување на околината.

Вкупно 1.513 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, изминатото деноноќие.

– „Реални“ повици биле 63,52 отсто, а 36,48 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,66 отсто, кон итната медицинска помош – 29,72 проценти, а кон пожарникарите – 3,21 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:внимателностметеоролошки нестабилностиотвореноТри пожарицук
Претходен напис Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
Следен напис Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?