Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Седум пожари и 1 837 повици на 112 во последното деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Седум пожари и 1 837 повици на 112 во последното деноноќие
Агровести

ЦУК: Седум пожари и 1 837 повици на 112 во последното деноноќие

Објавено 06/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 837 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, и вкупно седум пожари на отворено и сите се изгаснати.

Како што посочуваат во соопштението од ЦУК, од овие повици, „реални“ биле  62,60 проценти, додека 37,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 65,83 проценти, кон Итната медицинска помош  24,45 проценти, a кон пожарникарите  4,71 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

-Инаку, имало 906 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,01 проценти) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,25 проценти). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), потенцираат од ЦУК.

Вчера имало седум пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и утрово активни нема.

Пожарите на отворено беа во општините Бутел, на улица „Александар Урдаревски“ (ѓубре), Гази Баба, покрај улицата „Зендел Џемаили“ (ѓубре), меѓу општините Бутел и Шуто Оризари, покрај улицата 2 Визбегово (ѓубре), Прилеп, кај селото Ерековци и во атарото на селото Канатларц (ниска вегетација и стрниште), Струмица, кај селото Дабиле (депонија, ниска вегетација и стрниште), Василево, покрај регионалниот пат Струмица – Радовиш (ниска вегетација) и во Општина Чешиново – Облешево, кај селото Жиганци (ниска вегетација).

Инаку, како што појаснуваат од ЦУК, пожарот на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица – Радовиш во близина на село Василево во Општина Василево, беше гаснет речиси во текот на целиот ден, од од 09.44 до околу 23.00 часот со вкупно седум пожарникари, едно ПП возило и едно теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22.00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат. 

-Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, се вели во соопштението на ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деноноќиеповициСедум пожарицук
Претходен напис Сончево и топло, температура до 36 степени
Следен напис Сончево и топло со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?