Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Агровести

ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации

Објавено 21/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе пожари на отворен простор беа пријавени во Скопскиот регион до 20 часот, при што горела претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а благодарение на навремената реакција најголемиот дел од пожарите се ставени под контрола или целосно се изгаснати.

-Благодарение на навремената реакција на терен, пожарите на следните локации се веќе ставени под контрола или целосно изгаснати. Волково (ул. 22, општина Ѓорче Петров); Кучевишка Бара (општина Чучер Сандево); Катланово; Кадино – патот кон Ајватовци (општина Илинден); Лисиче (кај Чатал); Бунарџик (општина Илинден); Катлановска Сушица;
Добри Дол – Терминал (општина Сопиште). Во тек е интервенција на следните локации: атарот на с. Блаце – Катланово (општина Петровец); влезот во с. Сушица (општина Петровец), каде гори овоштарник; с. Страхојадица (општина Зелениково), каде гори сува трева – информираа од ЦУК. 

Од Центарот за управување со кризи истакнуваат дека благодарение на брзата интервенција, добрата координација на сите ангажирани служби и пожртвуваноста на пожарникарите, состојбата во најголем дел од Скопскиот регион е ставена под контрола.

– Дополнително, Центарот за управување со кризи оствари координација и со Дирекцијата за заштита и спасување за обезбедување дополнителна поддршка и надзор на терен, со цел целосно ликвидирање на преостанатите активни жаришта – велат од ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Таг:контролапожариСкопскиот регионцук
Претходен напис Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
Следен напис Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?