Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни
Агровести

ЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено, четири се уште активни

Објавено 05/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сѐ уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека вчера од БППЗ на градот Скопје, во 12.37 часот добиле информација дека пожарот пријавен во месноста Китка, кај селото Варвара, се наоѓа на особено непристапен терен, поради што не е возможно да интервенираат екипи. Од ЦУК известени се ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ – Скопје. Регионалниот ЦУК -Охрид информира дека од ТППЕ Македонски Брод известиле оти високо над селото Горно Ботушје има активен пожар, но, истиот не предизвикува опасност. Регионалниот ЦУК – Штип известува дека ТППЕ Берово, од 17.30 часот, со два пожарникара и едно ПП возило, како и четворица вработени во ЈП „Национални шуми“, подружница „Малеш“ од Берово, интервенирале на запалена букова и дабова шума во близина на селото Русиново. Регионалниот ЦУК – Тетово, известува дека кај селото Дебарце, општина Желино, има активен пожар. Според информациите од терен од ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово, на терен биле со тројца вработени, но, во 16 часот се повлекле, заради силен ветар. Теренот е непристапен за пожарникарите од ТППЕ Тетово. Во утринските часови се предвидува  повторно да интервенираат со екипа од „Лешница“ од Тетово, појаснуваат од ЦУК.

Во соопштението се апелира да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Изминатото деноноќие имало вкупно 2.150 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, „реални“ – 54,19 проценти, а 45,81 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 66,57 отсто, кон Итната медицинска помош 21,90 проценти, а кон пожарникарите 9,80 отсто од реалните повици.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:21 пожарактивниденоноќиеотвореноцукчетири
Претходен напис Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Следен напис АФПЗРР : Исплатени 257.9 милиони денари за 9055 полјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?