Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Изгаснати сите 18 пожари на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Изгаснати сите 18 пожари на отворено
Агровести

ЦУК: Изгаснати сите 18 пожари на отворено

Објавено 21/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се изгаснати сите 18 пожари на отворено и дека нови пожари утрово нема.

Според ЦУК, во некои општини имало и по неколку пожари, а гореле сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна и неколку депонии. 

-Противпожарните тимови со целодневен ангажман, некаде и заедно со месното население, ги изгаснаа пожарите во Општина Зелениково, с.Орешани (каде што горела ниска вегетација и мешана шума); Општина Аеродром, с.Долно Лисиче (ниска вегетација); Општина Сарај, с.Бојане (ниска шума и вегетација); Општина Ѓорче Петров, с. Никиштане (ниска вегетација); Општина Битола, помеѓу селата Рапеш и Маково (ниска вегетација и шума); Општина Василево, с.Василево (ниска вегетација); Општина Ресен, с.Долно Дупени (ниска вегетација и плевна); Општина Кривогаштани, с.Бела Црква (ниска вегетација и депонија); Општина Василево (2), кај с.Градашорци и бензинска пумпа „Тритерол“ (ниска вегетација) и кај стариот пат с.Радичево и с.Дукатино (ниска вегетација); Општина Струга, с.Долна Белица (ниска вегетација); Општина Желино, с.Желино (ниска вегетација); Општина Врапчиште, с.Градец (ниска вегетација); Општина Виница, Виница (депонија); Општина Кочани, с.Грдовци (ниска вегетација); Општина Карбинци, с.Радање (ниска вегетација) и во Општина Куманово (2), кај с.Бедиње и с.Шупли Камен (каде што горела ниска вегетација), наведува ЦУК.

Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.

ЦУК апелира граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, а ако забележат пожар или друга опасност по граѓаните, а и по природните и материјалните добра во државата, да го пријават тоа на Единствениот телефонски број за итни случаи 112. Потоа, ЦУК ги презема активностите со кои се остваруваат неговите задачи за координација со другите институции во државата, односно со субјектите на Системот за управување со кризи (СУК). Големата улога на медиумите во подигање на јавната општествена свет за поголема безбедност од пожарите и од другите опасности за граѓаните, е неодминливо да се посочи дека е на високо ниво, при што, ЦУК, повеќе пати истакна дека со тие секојдневни активности преку нивната 27/7 целогодишна работа медиумите покажуваат, а и остваруваат, голема општествена одговорност во областа на справување со кризите. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:18 пожариИзгаснатиотвореноцук
Претходен напис Одгледување на џиновски кокошки – тие растат повеќе од 1,20 m
Следен напис Во голема полициска акција на Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?