Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка
Агровести

ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка

Објавено 09/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последното деноноќие имало пет пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Четворица скопски пожарникари вчера, од 16:50 до 17:40 часот, со едно противпожарно возило гаснеле запалено ѓубре на обиколница кај Качанички пат, Општина Чучер Сандево.

ТППЕ Штип вчера, од 15:45 до 16:45 часот, гаснела запалена ниска вегетација и стрниште во атар на село Горни Балаван.

Четворица пожарникари од ТППЕ Кочани вчера, од 12:39 до 13:50 часот, со две возила интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума кај село Бали. Четворица пожарникари со две возила вчера од 13:58 до 16:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума кај месноста Мегдан во Општина Кочани. Пожарникарите вчера гаснеле и запалена дива депонија кај Стара касарна во Кочани.

ЦУК информира дека вчера, околу 13 часот, била пронајдена експлозивна направа во непосредна близина на село Крајници, Општина Чашка.

– За настанатата состојба се известени ДЗС Велес за преземање мерки и активности во нивната надлежност, за безбедно отстранување и неутрализирање на неексплодирани убојни средства, се вели во соопштението. 

Вкупно 1 837 повици имало во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 56,56 отсто, а 43,44 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,32 отсто, кон итната медицинска помош 27,89 отсто, а кон пожарникарите 3,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:експлозивна направапет пожариЦУКЧашка
Претходен напис Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
Следен напис Девизните резерви надминаа пет милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?