Сите патни правци во Скопскиот регион се проодни освен (планинскиот дел) во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково, информираат од ЦУК по добиена информација од РЦУК – Скопје за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег на територијата на државата до 11 часот.
Од ЦУК посочуваат дека има заврнато мало количество на снег кој е кашест и се топи. Во скопскиот регион, до сега нема зголемен водостој на реките кои би предизвикале излевање од речните корита.
Од РЦУК – Куманово информираат дека Северисточниот регион – Општина Куманово, Старо Наоричане, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни, собраќајот се одвива тековно во зимски услови. Врнежи од дожд 5,1 м2 измерени во 08:00 часот, додека врнежите од снег има во повисоките места од 5 до 10 cm.
Од РЦУК – Тетово известуваат дека сите патни правци на Полошкиот регион – Тетово, Гостивар, Теарце, Јагуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово-Ростуше се проодни. Патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно.
Од РЦУК Велес известуваат дека сите патните правци на територија на Вардарскиот регон – Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадараци, Демир Капија се проодни. На овие места врне дожд со слаб интензитет.
Од РЦУК – Штип известуваат дека патните правци на територија на источниот регион – Штип, Берово, Пехчево, Виница, М. Каменица, Делчево, Кочани и Пробиштип, Лозово, Карбинци, Чешениво-Облелешево, Зрновци се проодни. Собраќајот на патиштата се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози и нема појава на поплави и други нарушувања.
Од РЦУК – Битола информираат дека сите патни правци на Битолскиот регион – Општина Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени,Кривогаштани.Демир Хисар, Крушево) се проодни.
РЦУК – Струмица соопштува дека сите патни правци на Струмичкиот регион – Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран се проодни. Дождот што има наврнато, засега не претставува опасност од поплави сообраќајот се одвива нормално.
Од РЦУК – Охрид известуваат дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот.
МИА