Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Девет пожари на отворено изминатото деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Девет пожари на отворено изминатото деноноќие
Агровести

ЦУК: Девет пожари на отворено изминатото деноноќие

Објавено 23/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места.

Регионалниот ЦУК Скопје соопшти дека Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во период од 12.00 до 14.00 часот, со  едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена депонија кај село Нерези во месноста „Лака“ (Општина Карпош).

РЦУК Тетово, известува дека од ТППЕ Гостивар, од 14.30 до 15.30 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Врапчиште (Општина Врапчипште) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Куманово, информира дека од ТППЕ Куманово, од 17.55 до 21.40 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на село Никуштак (Општина Липково) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Битола ја пренесува информација од ТППЕ Битола, во која се наведува дека во период од 22.47 до 23.40 часот, со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на село Могила (Општина Могила) и имале уште една помала интервенција.

РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци и од ТППЕ Велес дека во изминатото деноноќие имале по една помала интервенција.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 имало вкупно 1 754 повици . Од нив „реални“ повици биле 62,66 отсто, а 37,34 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 73,37 отсто, кон Итната медицинска помош 17,75 проценти, а кон пожарникарите 4,14 отсто од реалните повици кон ЦУК. 

МИА

Може да ви се допадне

ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Русија воведе дигитална рубља
Препораки на ИЈЗ за училиштата: „Здрави ученици – здрава иднина!“
ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, четири ставени под контрола
Таг:Девет пожариденоноќиецук
Претходен напис АМСМ: Состојба на патиштата
Следен напис Наутро студено со магла во некои котлини, во текот на денот сончево со мала облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?