Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
Агровести

ЦУК: Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни

Објавено 22/09/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација.

Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево.

Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.

Под контрола се два пожари во Гази Баба и еден во Студеничани. Во село Трубарево опожарен бил електричен отпад, во село Виниче – место викано „Муратица“ горела нискостеблеста шума, а во село Батинци – ниска вегетација и мешана шума.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Струмица, Кочани и Тетово. Во селата Банско и Бели гореле депонии, а во Тетово опожарено било ѓубре. 

ЦУК

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:12 часототворенопожарицук
Претходен напис УХМР: Промена на времето од четврток – дожд, грмежи и пад на температурите
Следен напис Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?