Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Десет пожари на отворено, 1 789 повици на 112 во последното деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Десет пожари на отворено, 1 789 повици на 112 во последното деноноќие
Агровести

ЦУК: Десет пожари на отворено, 1 789 повици на 112 во последното деноноќие

Последна измена: 30/10/2024 09:48
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во последното деноноќие имало регистрирано 10 пожари на отворено на територија на цела држава. Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 12:30 до 6:05 часот,  со едно возило гаснеле пожар на отворен простор во атарот на скопското село Брест. Пријавата била од службено лице на ЕВН Македонија. За пожарот биле известени БППЗ на Град Скопје, Општина Чучер Сандево и ЈП „Национални шуми“.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), скопските пожарникари вчера, од 15:45 до 16:35 часот, гаснеле запалено ѓубре и гуми во населбата Долно Лисиче кон село Јурумлери. 

Двајца пожарникари од ТППЕ Битола вчера гаснеле запалено стрниште, ниска вегетација и шталско ѓубре од добиток и во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.

ТППЕ Струмица синоќа, од 18:30 до 20:15 часот, гаснела запалена силна маса и дрвја околу Габровски водопади (Општина Струмица), а ТППЕ Гевгелија од 18:00 до 20:00 часот гаснела запалени капини и трски во месноста „Ачикот“ кај село Николиќ, Општина Дојран.

Двајца пожарникари од ТППЕ Кочани вчера со едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во атарот на селата Чешиново и Облешево (Општина Чешиново Облешево), а вчера интервенирале со возило и со механизација на затрупување на запалената депонија кај Кочани.

ТППЕ Виница во изминатото деноноќие имале две помали интервенции на запалени ниви.

– Како последица од палењето отпадоци, ѓубре, депонии во близина на населени места се загадува дополнително амбиенталниот воздух во и околу населените и урбани места. Поттикнати и од таквите палежи, граѓани од Кочани и од околни населени места, трет ден продолжуваат со блокада на патот кон Пониква, што води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. РЦУК Кочани информира дека со почеток од 5:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на месноста викана „Белска крстосница“, околу 50 граѓани со околу 20 патнички возила, последните три денови, одржуваат 24 часовен јавен протест и блокада на патот, што според нивните најави, ќе трае и во наредните неколку денови. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон село Бели, се вели во соопштението. 

ЦУК информира дека во последното деноноќие  имало вкупно 1 789 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  Од нив „реални“ повици биле 62,33 отсто, а 37,67 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 71,25 отсто, кон итната медицинска помош 21,25, а кон пожарникарите 4,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:Десет пожариотвореноцук
Претходен напис Времето денес ќе биде променливо облачно со сонце и услови за слаб локален дожд
Следен напис Што најмногу ги нервира возачите во и околу сообраќајот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?