Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
Агровести

ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие

Објавено 04/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во последното деноноќие имало регистрирано 14 пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Гореле запалени депонии, ниска дабова шума, мешана шума, ниска вегетација, стрништа, меѓи од ниви, трска, капини и врби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Регионалните центри за управување со кризи информирале дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од БППЗ на Град Скопје,  Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) на Битола, Крушево, Струмица, Радовиш, Валандово, Куманово и од Старо Нагоричане.

ЦУК информира дека  во последното деноноќие имало вкупно 1 989 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 59 отсто, а 41 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 71 отсто, кон итната медицинска помош 21 отсто, а кон пожарникарите 6 отсто од реалните повици кон 112.

Вчера на Единствениот повикувачки број 112 за итни повици во ЦУК, биле примени два повика за помош во планина, еден за помагање на повреден моторџија со скршеница на ногата и еден повик за пронаоѓање група планинари коишто не можеле да контактираат до доцна синоќа.

– РЦУК Скопје известил дека преку број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во 13:44 часот е добиена дојава за повреден моторџија кој паднал од мотор на место викано „Рамно“ над Чучер-Сандево. Повредениот моторџијата се здобил со скршеница помеѓу зглобот и коленото на ногата. За настанатата состојба веднаш биле известени Итна медицинска помош кои тргнале на терен. ЦУК по остварениот контакт со лицето што пријавува доби известување дека се работи за поголема група на моторџии и истите дека го пренесат со теренско возило до пристапно место каде што лицето може Итната медицинска помош да го преземе, по што безбедно е пренесено во болница, соопшти ЦУК.

На повикувачки број 112 во ЦУК, вчера, во 21.35 часот било пријвено дека група од 12-лица планинари заминале во планинскиот предел на Шара над Општина Тераце, односно над село Пршовце, со цел да одат во местото „Доброшки Езера“, но во вечерните часови не можеле да воспостават контакт. Пријавителот информирал дека последната локација била во месноста „Три Чешми“ во близина на границата со Косово. Лицата се пронајдени во 22:05 часот ноќта, соопшти ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворенопожарицукЧетиринаесет
Претходен напис Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури, препорачуваат агрометеоролозите
Следен напис Неделен лабораториски извештај: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?