Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК апелира да не се палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа, а пожарите да се пријавуваат веднаш на 112
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК апелира да не се палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа, а пожарите да се пријавуваат веднаш на 112
Агровести

ЦУК апелира да не се палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа, а пожарите да се пријавуваат веднаш на 112

Објавено 13/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен се уште е еден – во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на непристапен и тешко пристапен терен, соопшти ЦУК.

ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Апелираат до сите земјоделци и сточари да не ги палат стрништата и пасиштата, а до грѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека сериозни врнежи нема подолго време и не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите.

Во вчерашните изгаснати 21 пожар низ целата држава, гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади.

По еден пожар имало во 13 општини: Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај и во Општина Ѓоче Петров. По два пожара имало во две општини: Долнени и во Старо Нагоричане. Четири пожари имало во Општина Куманово, конкретно во насела „Карпош“, кај с.Черкезе, с.Речица и кај „Никуљски Пат“ во населбата „Карпош’, каде што горела ниска вегетација и стрниште.

Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за граѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112 во ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:оганприродастрништацук
Претходен напис Свежо утро, а преку денот сончево и топло до 29 степени
Следен напис Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?