Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активни пожари во Кичево, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активни пожари во Кичево, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен
Агровести

ЦУК: Активни пожари во Кичево, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен

Објавено 12/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 45 пожари на отворен простор имаше во текот на вчерашниот ден, од кои 32 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се десет пожари, од кои три на територија на Кичево, кај селото Патеец, кај селата Челопеци и Бигор Доленци и во село Зајас. Два активни пожара се во Македонски Брод, едниот на потегот кај „Јасен“ – Белица, а вториот кај селата Грешница и Слатина. Активни пожари има и во Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен, поточно пожарот од Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење.

Како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот на Илинска Планина и Плаќенска планина, на подрачјето на општинитеДемир Хисар и Охрид, каде била зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума.

Под контрола е ставен и пожарот во Општина Чашка, кај селата Ореше и Папрадиште и во Општина Делчево, кај депонијата.

Неколку изгаснати пожари има во Прилеп, кај селата Ропотово – Лажани, кај старите гробишта во Прилеп и кај Алфа Омега транспорт. Изгаснати се пожарите на територија на Кавадарци, Старо Нагоричане, Радовиш, кај село Злеово, во Тетово, на автопатот Тетово – Гостивар, кај патарина, во Општина Јегуновце, во Гостивар, општина Врапчиште, Општина Долнени, Општина Ресен, кај Градската депонија,  во Општина Охрид, кај селото Опеница. 

Во скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општините Студеничани, кај селата Моране, Долно Количани и Љубош, Чучер – Сандево, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Општина Кисела Вода, на стариот пат за село Батинци и други. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:КичевоМакедонски БродНовациПехчевоПласницапожарицук
Претходен напис Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа” кај Пустец
Следен напис Од патарини во јули собрани 7,6 милиони еврa – 250 илјади евра повеќе од лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?