Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активни девет пожари, изгаснати 17
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активни девет пожари, изгаснати 17
Агровести

ЦУК: Активни девет пожари, изгаснати 17

Објавено 15/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Активни се девет пожари на отворен простор во земјава, а изгаснати се 17 пожари, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума – бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки, се наведува во соопштението. 

Активни се пожарите и во Општина Ново Село, над село Бадилен, каде е зафатена борова шума и во Општина Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште, каде е зафатена мешовита шума.

Активни пожари има и во Општина Долнени, во село Црнилиште (нискостеблеста вегетација), кај селата Слепче и Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблеста шума) и во Општина Гевгелија, меѓу селата Негорци и Кованец, каде гори даб, смрека, прнар и сува трева.

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 17 пожари. Во околината на Скопје биле изгаснати три пожари, во општина Сарај, кај село Горно Крушопек, во Општина Аеродром, во населбата Долно Лисиче и во Општина Арачиново, во село Арачиново.

Од ЦУК посочуваат дека биле изгаснати пожари и во општините Могила, Битола, Валандово, Кичево, Македонски Брод, Велес, Берово, Македонска Каменица, Кочани,  Виница, Делчево, Куманово и Липково. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Активнидевет пожариизгаснати 17цук
Претходен напис Подигнете нов ОВОШЕН и ЛОЗОВ насад, изградете ФАРМА или набавете земјоделска МЕХАНИЗАЦИЈА со 60% грант преку ИПАРД
Следен напис Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?