Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Црешните во Јапонија процветаa најрано во последниве 1.200 години – Научниците предупредуваат дека тоа е симптом на климатска криза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Црешните во Јапонија процветаa најрано во последниве 1.200 години – Научниците предупредуваат дека тоа е симптом на климатска криза
Агровести

Црешните во Јапонија процветаa најрано во последниве 1.200 години – Научниците предупредуваат дека тоа е симптом на климатска криза

Објавено 07/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јапонците веруваат дека нивните цреши се најубави на светот, и за тоа често имаат право, затоа што во таа земја црешите се одгледувале, калемеле, се режеле со векови, така што имаат најубави цветови. Повеќето цреши во Јапонија не даваат плод или плодот е закржлавен, па црешите таму многу ретко се јадат како овошје, а кога ќе ги најдете во продавници, тие се многу скапи, неколку евра за мал букет од десетина цреши.

Сакура, како што на јапонски се нарекува црешата, почнува да цвета некаде во март, а бидејќи јапонските острови се протегаат од југо-запад до северо-исток, се шири полека на северо-исток. Кога цветаат првите цреши во Јапонија, тоа е главната вест во медиумите. Репортерите одат на местото на настанот, ги снимаат расцутените цреши, разговараат со луѓето што седат под нив, со цел да им ја пренесат таа атмосфера на оние кои се далеку оттаму. Ова трае до крајот на мај, можеби во првите денови од јуни, кога цветаат последните цреши во најсеверните делови на земјата.

Цветовите на црешата траат кратко, само неколку дена. Луѓето се собираат да го прослават цветањето на црешите на популарни локации, одржуваат излети и се фотографираат покрај расцветаните гранки.

Цветовите на црешните во Јапонија оваа година процветале најрано во последниве 1.200 години. Научниците предупредуваат дека на екосистемите ширум светот им се заканува климатска криза.

Јасујуку Аоно, истражувач на Универзитетот во префектурата Осака, собирал податоци од Кјото, од денес, па се до 812 година.

Тој открил дека цветањето на црешите во овој град се случило најрано во последните 1.200 години.

Црешите во Кјото расцветале на 26 март, а во главниот град Токио на 22 март, што е втор најрано забележан датум.

Температурите биле ниски во 1820-тите, но оттогаш се зголемија за околу 3,5 степени Целзиусови, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, оваа година црешите не расцветаа порано само во Јапонија, туку и во Вашингтон.

Раното цветање на црешите според научниците е само „врв на ледениот брег“ што се однесува на климатските промени во светот кои се закануваат да ги дестабилизираат природните системи и економиите.



Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Јапонијацреши
Претходен напис Облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места
Следен напис ММФ: Растот на глобалната економија зависи од имунизацијата против ковид-19
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?