Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на свињите продолжуваат да растат – намалено производство во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на свињите продолжуваат да растат – намалено производство во ЕУ
Пазари

Цените на свињите продолжуваат да растат – намалено производство во ЕУ

Објавено 14/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на свинското месо во Германија достигнаа рекордни износи, пишува Agrarheute. Причината за тоа е слабата понуда која не може да ја задоволи побарувачката, што во наредниот период ќе ја диктира состојбата на пазарот. Опсегот на цени на берзата на групата од интерес на одгледувачи на свињи ISN се движела од 2,28 до 2,35 евра за килограм, а се претпоставува дека ќе расте уште повеќе.

Најновите податоци на Сојузниот завод за статистика Destatis покажуваат дека само 47,1 милиони свињи биле заклани во кланици во Германија во 2022 година. Тоа е за 9,2 отсто или 4,77 милиони помалку заклани свињи.

Просечната тежина на товениците е 96,6 килограми, што претставува намалување за 0,2 килограми во однос на претходната недела.

Зголемена е и цената на прасињата од 25 килограми и изнесува 71 евро.

Производството во Европската Унија се очекува да продолжи да опаѓа во 2023 година. Според сегашната проценка, за четири отсто.

Европската комисија предвидува пад на производството на свињи од јануари до март 2023 година од 5,1 отсто во споредба со првиот квартал од претходната година. Во вториот квартал може да биде 4,5 отсто. Во втората половина од годината се очекува таа стапка да биде пониска.

Овој сектор ќе доживее големи загуби во Германија и Данска, каде што трендот на намалување ќе биде шест проценти, а потоа следи Шпанија со околу четири проценти.

Најголемо влијание имала цената на добиточната храна која го диктира темпото на ова производство. Според холандската Рабобанк, пченката се продавала по цена за 14 отсто пониска во првата недела од јануари во однос на крајот на октомври 2022 година. Цената на добиточната пченица паднала за 11 отсто. Во наредниот период се очекува понатамошен пад на цените и намалување на трошоците за производителите.

Може да ви се допадне

Повеќе од 700 свињи угинале на фарма во Хесен: Некои угинале дури и пред да избувне катастрофалниот пожар?
СУБВЕНЦИИ за предадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети, за 2026 година
Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година
Драма во Барања: Сточарите го блокираа влезот за ветеринарите – „Не ги даваме нашите свињи!“
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Таг:германијаЕвропска Унјасвињи
Претходен напис Николовски во Црна Гора ги пренесе придобивките од Отворен Балкан и успешната ИПАРД приказна
Следен напис Агритехника 2023 очекува 2.000 изложувачи и повеќе од 400.000 посетители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?