Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на шеќерот во Европа енормно пораснаа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на шеќерот во Европа енормно пораснаа
Пазари

Цените на шеќерот во Европа енормно пораснаа

Објавено 22/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на шеќерот во Европа достигнаа десетгодишен максимум, а октомвриските договори на фјучерс пазарот во Лондон се тргуваа по цена од 622,37 евра за тон, пренесува Agrarheute.

За подоцнежните датуми, цените се движат меѓу 500,30 и 550,30 евра за тон. И покрај растот забележан во август, многу аналитичари беа изненадени од ваквиот развој на ситуацијата. Трендот е сличен на светскиот пазар, но не го следеше огромниот раст што се случи во Европа.

Зошто поскапувањето го зафати европскиот пазар?

Се очекува дека обемот на производство во Европа за 2022/23 година да биде значително понзок од минатата година, што им даде поттик на цените. Сувото и топло време летово во Европската Унија, третиот по големина производител на шеќер во светот, ќе доведе до помал принос од шеќерна репка, а со тоа и до намалено производство.

Сегашната проценка е 15,8 милиони тони, наспроти 16,65 милиони лани, што е пад од пет проценти. Заедно со Обединетото Кралство се очекува вкупно производство од 16,6 милиони тони, што би било за милион тони помалку од 2021 година. Се очекува потрошувачката да достигне 18,1 милиони тони, а извозот во трети земји е околу 700.000 тони. Франција е прва во ЕУ по производство на шеќер, а на второ место како светски производител од шеќерна репка.

Се предвидува дека Унијата ќе мора да увезе поголема количина од очекуваното. Според пресметките на Комисијата, се очекуваше релативно стабилен увоз од 2,15 милиони тони и извоз од најмалку 3,6 милиони тони, што најверојатно ќе се промени.

Може да ви се допадне

59-та Директорска конференција на Платежни агенции од Европска унија
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Европа и Балканот ќе ги зафати необичен студен бран
Првиот човек на нафтената компанија „Шел“: Европа може да остане без горива за неколку дена
Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа
Таг:европаЕвропска унијашеќер
Претходен напис На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед
Следен напис АХВ нареди итно повлекување на виршли Wudy поради присуство на бактерија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?