Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
Агровести

Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа

Објавено 10/03/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на горивата во државава од денеска се повисоки, но и натаму се меѓу најниските споредено со тие во соседните и државите од поширокиот европски регион, со исклучок  на Босна и Херцеговина и Турција, покажува споредбата  на податоците за цените на горивата од сајтот Fuelo.eu. 

По растот на цената на нафтата во светот, бензините во државава поскапеа за пет денари по литар, а дизелот за 14,5  денари по литар, со што новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,5 денари за литар ( 1,289 евра),  а на дизелот  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,5 денари за литар (1,386  евра). 

Според Fuelo.eu, на кој има преглед на цените на горивата во евра,  од државите во регионот, во однос на тие кај нас, повисоки се цените во Бугарија, каде литар бензин 95 се продава за 1,340 евра, а дизел 1,440 евра, во Србија бензинот е 1,520 евра за литар, а дизелот 1,683  евра, во Грција, бензинот е  1,811 евра,  а дизелот 1,698 евра, во Хрватска бензинот 1,510  евра, а дизелот 1,550 евра. 

Пониска е цената на бензинот во Босна и Херцеговина каде литар се продава за 1,185 евра, додека таа на дизелот е повисока и изнесува 1,435 евра. Поевтини горива има Турција каде литар бензин 95 чини 1,095 евра, а литар дизел 1,264 евра.  Во останатите европски држави  цените на горивата се повисоки,  во Словенија цената на бензинот 95 е 1,451 евра, а на дизелот 1,509  евра, во Австрија бензинот е 1,660 евра, а дизелот 1,753 евра, во Белгија бензинот е 1,602  евра, а  дизелот  1,731 евра, во Германија бензинот е 2,074  евра, а дизелот 2,138 евра, во Шпанија бензинот е 1,659 евра, а дизелот 1,748 евра, во Франција бензинот е 1,875, а дизелот 1,960 евра, во Унгарија  бензинот е 1,456 евра, а дизелот 1,503 евра, во Италија бензинот е 1,879 евра,  а дизелот 2,076…. 

Премиерот Христијан Мицкоски викендот порача дека во државава има доволо нафта и нафтени деривати и оти граѓаните треба да бидат спокојни, најавувајќи дека Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената.

– Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсолутно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните,  изјави Мицкоски.

Според последните податоци на CNBC цената на WTI суровата нафта падна на 81 долар за барел, додека Brent суровата нафта се спушти на 84 долари за барел.

Ова, според CBNC се случува по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е речиси завршена. 

Во текот на претходниот ден, цената на нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина.  Според CBNC сега ситуацијата бргу се смирува.

Податоците за цените на гасот во Европа, пак, покажуваат дека тие денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на цените е поради одлуката на Русија за пренасочување на гасот од европските на азиските пазари и пред забраната за увоз во Европската Унија.

Мегават-час гас за испорака во април утрово на референтната холандска дигитална берза ТТФ се тргуваше за 62,51 евра, што е за околу 17 проценти поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. На самиот почеток на денешната трговија, неговата цена се искачи на 68,63 евра. Во споредба со последниот ден на тргување во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, цените на гасот моментално се речиси двојно повисоки, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари 2023 година. 

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:гориватаЕвропапоскапувањетоцените
Претходен напис Исплатени 157 834 000 денари за заклани гоеници
Следен напис ДЗР: ЈП Колекторски систем-Скопје работи повеќе од 35 години, без добиена дозвола за собирање, одведување и пречистување на отпадни води
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?