Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на златото се поблиску до рекордно ниво, европските берзи без јасен тренд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на златото се поблиску до рекордно ниво, европските берзи без јасен тренд
Агровести

Цената на златото се поблиску до рекордно ниво, европските берзи без јасен тренд

Објавено 12/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европските берзи денеска бележат неусогласено движење, додека цената на златото повторно расте и се приближува до рекордни нивоа поради очекувањата дека Федералните резерви на САД следната недела ќе ги намалат каматните стапки, што ја зголемува привлечноста на овој благороден метал за инвеститорите.

Европската централна банка вчера ги задржа каматните стапки непроменети и сигнализираше дека циклусот на нивно намалување е завршен. Претседателката Кристин Лагард изјави дека Банката е во „добра состојба“ и дека ризиците за растот се повеќе избалансирани, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Индексот на Франкфуртската берза DAX утрово во 10:15 часот опадна за 0,24 отсто на 23.626,38 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 отсто на 7.781,65 поени, а московскиот MOEX за 0,43 отсто на 2.895,97 поени. Лондонскиот FTSE 100, пак, порасна за 0,23 отсто на 9.319,22 поени.

Во пресрет на отворањето на американските берзи, Dow Jones порасна за 1,36 отсто на 46.108,00 поени, S&P 500 за 0,85 отсто на 6.587,47 поени, а Nasdaq за 0,72 отсто на 22.043,08 поени.

Фјучерсите на природен гас за октомври на холандската берза TTF се тргуваа по цена од 32,323 евра за мегават-час.

Цената на суровата нафта се намали на 62,085 долари, а нафтата Брент на 66,138 долари за барел. Златото достигна 3.651,03 долари за унца, додека цената на пченицата падна на 5,2109 долари за бушел (1 бушел = 27,216 кг).

Курсот на еврото на девизниот пазар Форекс изнесува 1,17362 долари, што е за 0,03 отсто повеќе од почетокот на тргувањето.

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:европските берзизлатоторекордно нивотрендцената
Претходен напис Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата
Следен напис Во понеделник српските земјоделци излегуваат на протести во Нови Сад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?