Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на пченицата расте, а американските земјоделци не можат да ја продадат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на пченицата расте, а американските земјоделци не можат да ја продадат
Агровести

Цената на пченицата расте, а американските земјоделци не можат да ја продадат

Објавено 24/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Глобалните фјучерси на пченицата се зголемија, а тоа беше сигнал до американските земјоделци да ги продаваат своите житарки по повисоки цени.

Како што наведува Ројтерс, меѓу нетрпеливите бил и фармерот Ванс Емке од Канзас. Локалните цени се зголемиле за околу 30 отсто до речиси 12 долари за бушел, што е највисоката сума што овој фармер ја запаметил во 45-те години во кои се занимавал со земјоделство.

Меѓутоа, тој не можел да продаде ништо од неговата претстојна жетва на пченица за идна испорака. Значи, и покрај тоа што цените на фјучерсите на пченката и пченицата толку нагло скокнаа, тешко е да се продаваат, бидејќи купувачите престанаа да купуваат од страв дека нема да можат да заработат од препродажба.

Се чека развојот на ситуацијата

Многумина од нив продолжуваат да се воздржуваат од купување за да видат како понатаму ќе се развива конфликтот во Источна Европа и какво влијание ќе има тоа на пазарот.

Неможноста да се продаде зимската пченица, чија жетва започнува во јуни, врши дополнителен притисок врз американските земјоделци кои треба во готово да платат за семиња и ѓубрива пред пролетната сеидба, закупот на земјиштето и даноците.

Според Американската федерација на земјоделски бироа и американското Министерство за земјоделство, се очекува годинава само сметките за ѓубриво да скокнат за 12 отсто, откако лани пораснале за 17 отсто. Ако земјоделците одлучат да ја намалат површината, тоа би можело да ги намали приносите за есенската жетва во време кога на светот можеби ќе му треба повеќе жито.

Проблеми на пазарот

Невообичаената ситуација што ги кочи производителите произлегува од системот за заштита од ризик што американските одгледувачи и преработувачи на жита го користат долго време за да се осигураат од промени на цените. За секој бушел жито што се обврзуваат да го купат, купувачите продаваат еднаква количина на пазарот на фјучерси како заштита од загуби.

Русија и Украина заедно испорачуваат околу 26 отсто од светскиот извоз на пченица, според најновите податоци на USDA. Извозот преку Црното Море е прекинат.

По почетокот на конфликтот во Украина, шпекулантите интензивно купуваа фјучерси за пченица и пченка, особено претстојните мајски договори. Цената на мајската пченица на Chicago Board of Trade (CBOT) скокна за 54 отсто за само девет трговски дена, од 8,84 долари за бушел на 23 февруари на 13,63 долари на 8 март.

На 9 март, Landus Cooperative, најголемата земјоделска задруга во сојузната држава Ајова, накратко ги суспендирала своите понуди за заеми во готовина за купување пченка и соја. Извршниот директор Мет Карстенс изјави дека Landus, исто така, тројно ја зголемил својата кредитна линија со CoBank, најголемиот американски заемодавач на земјоделците, за да покрие стотици милиони долари во маржи и да обезбеди стабилно работење.

Само во јануари и февруари, CoBank испорачала повеќе од 4,5 милијарди долари заеми и кредити на клиентите.

Пазарот на фјучерси не бил толку нестабилен од 2008 година, кога недостигот на храна ширум светот предизвика немири во некои земји.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:пченица
Претходен напис На 26 март ќе се одржи земјоделски протест во Прилеп
Следен напис Влада: Рекордно зголемена трговската размена меѓу Македонија и Германија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?