Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата „Брент“ надмина 118 долари за барел, гасот во Европа поскапе за 35 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата „Брент“ надмина 118 долари за барел, гасот во Европа поскапе за 35 отсто
Агровести

Цената на нафтата „Брент“ надмина 118 долари за барел, гасот во Европа поскапе за 35 отсто

Објавено 19/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на нафтата „Брент“ денеска надмина 118 долари за барел поради големата неизвесност на пазарот по нападите на Иран врз енергетските постројки на Блискиот Исток.

Според податоците од берзите, цената на нафтата „Брент“ во 10.30 часот порасна за 10,21 отсто, на 118,760 долари за барел.

Европските гасни фјучерси на амстердамската берза ТТФ во еден момент скокнаа и за 35 отсто, а нивната цена е повеќе од удвоена во споредба со периодот пред војната на Блискиот Исток.

Растот на цените доаѓа во момент кога конфликтите на Блискиот Исток се шират на клучните производни и извозни точки во регионот на Персискиот Залив, што го зголемува стравот од долгорочни нарушувања во снабдувањето со енергенси.

Посебна загриженост предизвика нападот врз ЛНГ-постројката во Катар, каде што е пријавена голема штета, што дополнително го загрозува глобалниот пазар на гас. Цел на Техеран се и енергетските објекти во Саудиска Арабија, пренесува „Блумберг“.

Рафинеријата „Самреф“ во градот Јанбу, која е во заедничка сопственост на компаниите „Арамко“ (Aramco) и „Ексон мобајл“ (ExxonMobil), беше погодена со дрон, а саудиските власти соопштија дека пресретнале и балистичка ракета насочена кон ова пристаниште.

Ова е првпат од почетокот на конфликтот да биде погоден објект на Црвеното Море, што дополнително ја компликува логистиката на снабдување. „Арамко“ претходно го зголеми транспортот на сурова нафта од источните полиња кон западните терминали за да го одржи извозот кон Европа, каде што рафинериите како „Самреф“ имаат клучна улога во снабдувањето со дизел.

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:барелнадминанафтатацената
Претходен напис Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари од 1 март помина на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Следен напис Во Србија нема појава на птичји грип, соопшти Министерството за земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?