Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо – смета Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо – смета Мицкоски
Агровести

Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо – смета Мицкоски

Објавено 24/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата.

Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од претходната недела, сега, оваа недела, се втор ден пониски. Ако вака продолжат до петок, во понеделник, оцени, ќе има дури и намалување на цената на горивата.

-Да ги почекаме трошоците за живот. Ние интервенираме директно од Буџетот и сме една од ретките земји што тоа го прави. Има држави што прават привид, ги качуваат акцизите, тоа е товар директно на горивото за 100 – 200 отсто, па намалуваат 50 отсто. Не, ние директно данокот го намалуваме, тоа што го собира државата. Покажуваме дека оваа Влада се грижи  за граѓаните директно од Буџетот, а не со трикови – ќе ги качиме акцизите двојно, па потоа ќе ги намалиме за 20 – 30 проценти. Тоа е разликата меѓу одговорна Влада и влади кои прават привид. Ние сме една од ретките, можеби има уште две-три во Европа кои вака интервенриаат, потенцира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:влијаниегориватаинфлацијатацената
Претходен напис ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април
Следен напис Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?