Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Агровести

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Објавено 21/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот, како што информираат од Царинската управа, е откриен кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција – Косово.

Исто така, Царинската управа откри и 1.100 инсулински игли при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот, кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга, пронајдени се 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.

– Откриени се и 183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена. 123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, а управувано од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Делчево, информираат од Царинската управа.

Службата за мобилни скенери, пак, спречила обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничниот премин Табановце при контрола на камион со македонски регистарски таблички. 

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон откриле 144 штеки цигари и 960 грама тутун, а 48 илјади пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока со потекло од Косово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, наменета за увозник од Скопје. Откриени се и 73 парчиња облека и обувки во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце. 

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:криумчарењелековимедицински иглиоблекатутунцаринска управа
Претходен напис Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
Следен напис Азески: Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?