Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, иконии поголема количина шафран и маџун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, иконии поголема количина шафран и маџун
Агровести

Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, иконии поголема количина шафран и маџун

Последна измена: 17/02/2024 10:42
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Спречени обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и 5 килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата.

На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои и 51 икона, свеќници, нараквици со монистри како и 260 килограми темјан, со проценета вредност од 140 илјади денари, при што е избегнато плаќање на царински давачки од 50 илјади денари. Црковните предмети се пронајдени во камион со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, управуван од босански државјанин, кој транзитирал преку нашата држава од Република Грција кон Република Хрватска и превезувал спортска опрема. Непријавените црковни предмети се пронајдени во товарниот дел на приколката помеѓу декларираната стока.

Во друг случај на граничниот премин Меџитлија, царинските службеници спречија два одделни обиди за нелегално внесување на непријавени цигари во државата. Во двата случаи се откриени вкупно 28 штеки со цигари во две товарни моторни возила со македонски регистарски таблички и управувани од македонски дравјани, од ист превозник. И двата камиони биле натоварени со кварцен камен – стока наменета за транзит. Во двата случаи штеките со цигари се пронајдени скриени во кабините на возачите, во просторот на горниот кревет, покриени со јакни и лични предмети.

На влез на Деве Баир пак при контрола на патничко моторно возило со косовски регистраски таблички во багажот на возилото се откриени 100 тегли маџун коишто патниците не ги пријавиле.

При контрола на возило на царинска испостава Делчево е пронајдена и стоматолошка опрема која возачот ја скрил во џебовите од јакната и во пределот зад предните седишта кои биле скриени во мали кеси и кутии спакувани во книжна кеса со облека.

Во еден случај се запленети и 5 килограми сув кршен шафран ,,KIAM GOHAR” коишто царинските службеници на влез на Табановце ги открија при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Шафранот е откриен околу предните седишта, каде бил скриен во хартиени кеси.

Стоката во сите случаи е запленета, а против лицата се поднесени соодветни пријави.

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:икониимаџунстоматолошка опремацаринска управацигаришафраншверц
Претходен напис Треил трка за вино и љубов во Долни Дисан
Следен напис УХМР: Северен ветер утре долж Поварадарието, во вторник дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?