Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Членовите на ПСК „Осогово“ од Кочани маркираа планинарска патека до врвот Китка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Членовите на ПСК „Осогово“ од Кочани маркираа планинарска патека до врвот Китка
Агровести

Членовите на ПСК „Осогово“ од Кочани маркираа планинарска патека до врвот Китка

Последна измена: 27/06/2023 12:08
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во рамки на одбележувањето на Националниот ден на планинарските патеки, членови на планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани маркираа планинарска патека со должина од 10 километри во еден правец, од манастирскиот комплекс Еленец кај селото Цера до врвот Китка на Осоговските Планини.

Активноста се реализираше во соработка со Федерацијата за планинарство (ФПСМ), која обезбеди материјална поддршка, а со одобрение од Комисијата за планинарски патеки. Обележувањето на патеката го предводеше претседателот на кочанскиот планинарски клуб, Тошо Антов кој е лиценциран маркацист при ФПСМ.

-Маркирањето се изведе согласно важечките законски прописи и правила, со поставување кружна маркација, таканаречена Кнафелцова ознака, како и со земна, лентовна маркација на камења. За време на акцијата беа коригирани сите неправилни маркации што некој претходно ги поставил, а погрешно обележаните се целосно поништени. Се работи за средно тешка патека што не бара големи напори и посебна физичка подготовка, а која е многу посетена од планинарите од нашата држава, но и од странство. Тие сега ќе имаат поголема прегледност при движењето, особено ако пешачат првпат или пак во неповолни временски услови, истакна Антов.

Со комплетирање на маркирањето, патеката до врвот Китка и официјално влегува во мапата на планинарски патеки на ФПСМ, како и во списокот на меѓународните планинарски асоцијации.

Во последните три години членовите на ПСК „Осогово“ реализираа маркирање на уште осум правци на Осоговските Планини и на Плачковица, при што стручно обележани се над 100 километри планинарски патеки.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:КиткаКочаниосоговопланинарска патека
Претходен напис Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот ако имате убод од стршлен
Следен напис Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?