Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден


Од почетокот на годината досега, во координација со АД „Водостопанство-Скопско поле“ – Скопје, ЈКП „Илинден” и граѓаните, исчистени се околу седум километри отворени одводни канали на територијата на Општина Илинден.

Целта на активностите кои се во рамки на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа на територија на Општина Илинден за 2023 година, Годишната програма на Општината и Годишната програма на „Водостопанство-Скопско поле“, е да се обезбеди проточност на каналската мрежа.

Според градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението. Токму поради тоа, како што вели тој, редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените канали останува еден од приоритетите на Општината.

Согласно предвидената динамика, во тек е чистење на Сува Река на потег од аеродромот „Скопје“ кон централниот дел во Миладиновци. Исто така, од почетокот на годината беше исчистен Ободниот канал од Кадино до Марино во должина од 2500 метри.

Обврската за плаќање годишен воден надомест за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните Општината ја презема уште од 2010 година. Со оглед дека каналите се објекти од јавен интерес, според урбанистичките планови, на овие површини не смее да се изведуваат градби или да се вршат работи со кои се загрозува стабилноста на одбранбените насипи. 

Мар 17, 2023agrotim4
Денеска времето ќе е облачно и ветровитоПораст на дневната температура во наредните денови, в понеделник ќе достигне 23 степени

Напишете коментар Откажи одговор

17/03/2023 АгровестиИлинден, каналската мрежа, чистење8

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019