Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири пријави за измами при купување огревни дрва во Куманово од почетокот на годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Четири пријави за измами при купување огревни дрва во Куманово од почетокот на годинава
Агровести

Четири пријави за измами при купување огревни дрва во Куманово од почетокот на годинава

Објавено 27/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Четири пријави за измами при купување огревни дрва евидентирала кумановската полиција од почетокот на годинава, соопштија денеска од СВР Куманово. Последната измама била регистрирана пред три дена кога 65-годишна жена пријавилa дека била измамена од лице за сума од 10.000 денари при набавка на огревни дрва.

-Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да донесе пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите. Подоцна нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

На подрачјето на Куманово лани беа евидентирани 14 измами. Од полицијата објаснуваат дека сторителите доаѓаат во домовите, обично на повозрасни лица, ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите, не им носат дрва и заминуваат.

– СВР Куманово континуирано презема превентивни мерки и апелираме до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните кога непознати лица им нудат огревни дрва за пониска цена од продажната, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бројот 192, велат од СВР Куманово. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:измамиКумановокупувањеогревни дрвапријави
Претходен напис Штипските ловџии во новата ловна сезона на лов со портокалови елеци и капи
Следен напис УХМР: До недела стабилно, во понеделник краткотраен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?