Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка од ЕУ грантови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Четири новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка од ЕУ грантови
Агровести

Четири новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка од ЕУ грантови

Објавено 13/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири новоформирани земјоделски задруги потпишаа договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за инвестиции во опрема за производство и маркетинг на земјоделски производи.

Како што информираат од проектот „Поддршка на развојот на земјоделските задруги“, износот на четирите потпишани договори е 161.409 евра, од кои 126.254 се поддршка преку проектот финансиран од ЕУ, а 35.155 евра се кофинансирање од страна на земјоделските задруги.

Четирите земјоделски задруги бројат 66 членови, од кои 42 отсто се жени и 65 проценти млади земјоделци.

 -Инвестицијата ги подобрува капацитетите на новоформираната земјоделска задруга „Здраво и свежо“ од Ресен. Набавената опрема ја подобрува ефикасноста и конкурентноста на пазарот. Ова директно го поддржува локалното производство на храна и придонесува за ангажирање на локалното население. Овие кризни околности ни покажаа на сите колку е важно локалното производство на храна, вели Пере Транталовски, член на „Здраво и свежо“.

Средствата за поддршка на задругите се обезбедени од проектот „Поддршка на развојот на земјоделските задруги“, финансиран од ЕУ, спроведуван и кофинансиран од „CARE Германија е.В.“ и Македонската развојна фондација за претпријатија, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Финансиски се поддржани вкупно 21 земјоделска задруга со над еден милион евра. Заедно со кофинансирањето од земјоделските задруги, инвестициите надминуваат 1,4 милиони евра.

Извор:Макпрес

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ЕУ грановиземјоделски задругипотпишани договорифинансиска поддршка
Претходен напис Ќе има помалку договори, но во Прилепско и Долненско тутунопроизводството останува главна земјоделска култура
Следен напис Цени на земјоделски производи на кванташки пазар – Скопје 13.06.2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?