Сопствениците на веганскиот синџир Globally Local велат дека цел им е да направат револуција во индустријата за брза храна, а судејќи по реакциите на пазарот – засега им оди добро.
Да, веганската храна е навистина скапа, но ако сте во можност сами да произведете и протеини и разни млечни алтернативи, веганството дури може и да ви се исплати. Од организација која донесувала овошје и зеленчук од локалните фармери, до високо автоматизиран вегански ресторан за брза храна кој на гостите им служи растителни хамбургери и млечни шејкови на растителна база, поминале само 5 години.
Доказ за тоа е Globally Local, синџир за веганска брза исхрана од Лондон, прочуен по Famous Burger направен од леблебија. Тој бележи рекордна продажба во Лондон.
-Неверојатно е да се виде поддршката за она што го работиме, да се види што може да се случи кога заедницата ја поддржува големата мисија и компаниите кои се подготвени да го променат светот на подобро. Нашиот тим помина пет години развивајќи напреден концепт на ресторани за брза храна и вертикално интегриран синџир за снабдување, кој претендира да направи револуција во индустријата за брза храна. Нашите паметни кујни ни овозможуваат да бидеме дури попристапни од синџирите за невеганска брза храна“, изјави за LfPress еден од сопствениците на ресторанот, Џејмс Мекинес.
Инаку, овој синџир на брза храна овие денови е во фокусот на јавноста бидејќи стана прв вегански ресторан за брза храна кој започна тргување на берзата и тоа во Северна Америка каде што на почетокот на годината е и отворен првиот локал и се очекува до крајот на 2021 година повеќемилионска експанзија ширум Северна Америка.
