Бугарија ќе ја укине забраната за увоз од Украина кога ќе стапат на сила мерките на Европската комисија за стабилизација на пазарот, објави Euroactiv.
Бугарија доби 16 милиони евра компензација од ЕУ бидејќи дозволи извоз на украинско жито и прехранбени производи преку нејзина територија.
Земјата побара уште 50 милиони евра, иако бугарските производители на жито добиваат стотици милиони евра директни европски субвенции.
Според Euroactiv, мерките вклучуваат финансиски пакети за поддршка на локалните земјоделци од Бугарија, Словачка, Романија, Унгарија и Полска во вредност од 100 милиони евра.
Комисијата ќе ја надгледува стоката и ќе воведе дополнителни заштитни мерки на пазарот доколку е потребно. Ќе ја подобри и логистиката и транзитот на украинската стока.
