Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бразилското пилешко месо повлечено од извоз во 44 земји, меѓу кои и Северна Македонија, Косово и Албанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бразилското пилешко месо повлечено од извоз во 44 земји, меѓу кои и Северна Македонија, Косово и Албанија
Агровести

Бразилското пилешко месо повлечено од извоз во 44 земји, меѓу кои и Северна Македонија, Косово и Албанија

Објавено 23/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Косовската Агенција за храна и ветеринарство соопшти дека го подигнала нивото на контрола за пратките на производи од живина од Бразил.

Подигнувањето на ова ниво дојде како резултат на соопштението на Министерството за земјоделство и сточарство во Бразил, за неколку земји, меѓу кои се наоѓа и Косово.

„По известувањето издадено од Министерството за земјоделство и сточарство во Бразил за повеќе земји, вклучително и за Република Косово, за привремено суспендирање на сертификацијата за извоз на месо од живина и производи од него. Откако во општината Анта Горда, во Рио Гранде до Сул, беше потврдена појава на Њукаселова болест. АХВ веднаш нареди укинување на контролните мерки за целиот товар што доаѓа од Бразил. Се прави детална проверка на секоја пратка за да се увериме дека товарот е во согласност со законските правила кои исклучуваат какво било сомневање за опасност по новонастанатата ситуација создадена со појава на болеста њукасел“, се наведува во соопштението.

АХВ додава дека известувањето на државниот орган на Бразил го вклучува и признава државниот субјект на Република Косово. Сертификацијата за извоз е билатерален договор меѓу земјите и бразилскиот орган и го суспендира Меѓународниот здравствен сертификат со цел да ги исполни гаранциите и барањата за безбедност на производите.

Меѓу производите се и свежото и замрзнато месо од живина, кое се продава во земјите од регионот, вклучително и во Косово.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство додаваат дека во соработка и координација со агенциите во рамките на Интегрираното гранично управување, косовската полиција и косовската царина, во полн капацитет ќе ги спроведат мерките согласно налогот за известување, за спречување на влез на товар од подрачјата зафатени со Њукаслова болест.

„Оваа болест е инфекција на живина и други птичји видови со вирулентниот вирус на Њукаселова болест (VND). Граѓаните како потрошувачи не треба да се грижат за безбедноста на храната или јавното здравје бидејќи болеста е од социјално-економска природа, која го загрозува само секторот живинарски фарми“, соопшти АХВ на Косово.

Во петокот беше објавено дека Министерството за земјоделство и сточарство во Бразил го суспендираше извозот на месо од живина и неговите производи, откако потврди дека има вирус.

Според бразилското министерство, прекинот на извозот на месо од живина погодува 44 земји, а меѓу нив е и Косово заедно со Албанија и Северна Македонија.

„Во согласност со меѓународните правила за извоз на живина и производи од живина, суспензијата на привремената сертификација ја врши Бразил, за да се гарантира транспарентноста на бразилската официјална служба на земјите кои ги увезуваат производите во рок од најмалку 21 ден“, објави косовски Монитор.

Извор: Слободен печат

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвБразилизвозМакедонијаПилешко месо
Претходен напис Поддршка за земјоделците од Преспа преку ЕУ фондови
Следен напис Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?