Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бранко Азески: Без оглед на тоа колку е долга ноќта, денот сигурно ќе дојде
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бранко Азески: Без оглед на тоа колку е долга ноќта, денот сигурно ќе дојде
Агровести

Бранко Азески: Без оглед на тоа колку е долга ноќта, денот сигурно ќе дојде

Објавено 09/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Порака од претседателот Бранко Азески до членките на Стопанската комора на Македонијa:

Ноќта дојде порано од што очекувавме. Како да се наоѓаме во епицентарот на еден триаголник во кој имаме економска, здравствена, па и општа криза која долго се провлекува, од 2008 година наваму. Анкетите конечно покажаа дека секому му е јасно оти кризата ќе потрае подолго и дека спасувањето на човековите животи мора да биде приоритетна цел.
Иако навикнати на дејствување во кризни ситуации, во моментов непредвидливоста е толку силно изразена што надежта е доведена под знак прашање.

Светот полека, но сигурно влегува во зоните на општите опасности и затоа решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасираат тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија.

Но за да се врати надежта, а особено кај оние кои се врзани за бизнисот, најпотребни се РЕШЕНИЈА. Само РЕШЕНИЈА, кои мора да се брзи, одлучни и засновани на реални проценки. Додека не изгрее денот, да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само ќе придонесат да платиме висока цена во кризата.

Реалниот сектор во овој момент бара да биде клучен фактор во изнаоѓањето излезни решенија, а по кризата, ако навистина таа не се претвори во секојдневие, ќе се врати на својата реална позиција – да биде еден од факторите што учествуваат во креирањето на економските политики.

Примери има безброј. Да не ги продадевме туристичките капацитети што ги наследивме од поранешната држава, денес тие ќе претставуваа вистински консумент и промотор на земјоделско-прехранбениот сектор. Да ги поддржaвме домашните синџири на супермаркети („Тинекс“, „КАМ“, „Кит-Го“, „Стокомак“, „Жито“, „Кипер“, „Рептил“…) да се прошират во соседните земји, исто така ќе отворевме нови пазари за земјоделско-прехранбениот сектор. Имавме и примери. „Фершпед“ на крајот на 90-тите г. од минатиот век, со изградбата и со купувањето на хотелите во Скопје, Охрид и во Маврово и со влегувањето во сопственичката структура на „Европа“ и на „Сковин“, покажа каде треба да одиме. Тоа го покажаа и нашите истакнати бизнисмени и познати коморски активисти Минчо Јорданов и Светозар Јаневски, правејќи спој меѓу овие два сектора, кои се сериозен потенцијал за создавање новододадена вредност. Стопанската комора на Македонија неслучајно во средина на кризата, на крајот на септември, одржа голема конференција за позицијата на туризмот и угостителството по кризата КОВИД 19, а за земјоделско-прехранбениот сектор тоа ќе го направи во среда.

Има уште многу примери кога бизнисот беше резервиран спрема одредени инфраструктурни проекти (пругата кон Бугарија, ревитализацијата на централната пруга Србија-Грција, влегувањето во сопственичката структура на солунското пристаниште итн. итн.).

Значи, бизнисот бара решенија, а не дискусии, и бара многу поголемо учество во донесувањето на тие решенија отколку досега. Ние како нивни претставници ќе направиме сé да го овозможиме тоа.

Извор: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бранко Азескидостопанственици
Претходен напис (ВИДЕО) Како се произведува популарниот путер од кикиритки
Следен напис (ВИДЕО) Љиљана Петровиќ направи бум со нејзината плантажа со лаванда, го разви цел регион преку кооперанти и нови инвеститори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?