Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: Успешната соработка со КфВ предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска: Успешната соработка со КфВ предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем
Агровести

Божиновска: Успешната соработка со КфВ предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

Објавено 20/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тековните енергетски проекти, како и продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика беа тема на разговор на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со новата раководителка на одделот за енергетика во германската развојна банка КфВ за Европа и Кавказ, Бабет Штајн вон Камиенски.

Како што информираат од Кабинетот на Божиновска, се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на КфВ, меѓу кои за втората фаза од ветерниот парк Богданци, како и за енергетските проекти во Битола. Овие инвестиции, како што беше истакнато на средбата, ќе ја зајакнат енергетската независност на земјата.

Министерката Божиновска, на средбата, потенцираше дека германската КфВ е еден од нашите најважни партнери, преку чијашто поддршка се реализираат клучни проекти во интерес на граѓаните.

Претставниците на КфВ, на состанокот ја потврдија посветеноста за зацврстување на взаемната соработка во областа на енергетската транзиција, истакнувајќи ја важноста за забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.Тие ја истакнаа нивната заложба за поддршка на Владата со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем и усогласување со европските стандарди.

-Модернизацијата на енергетската инфраструктура и регионалното поврзување ќе ја зајакнат позицијата на Северна Македонија во регионален и светски контекст. Во таа насока, соработката со КфВ за нас е од исклучително значење, изјави Божиновска.

Соговорниците заклучија дека соработката и понатаму ќе продолжи, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:Божиновскаенергетски системКфВпроекти
Претходен напис Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром
Следен напис МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?